недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од скопско, расчистени четири тешки кражби

Приведен крадец од скопско, расчистени четири тешки кражби

На 23.11.2020 во 10.50 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на место викано Дрма, атар на с.Мралино, го лишиле од слобода Ф.А.(37) од с.Јурумлери, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба извршена во викенд куќа. Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот.

По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец.

Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Коронавирус