сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 100
home Хроника

Приведен крадец, нападнал жена и украл златен ланец

Приведен крадец, нападнал жена и украл златен ланец

Полицијата денеска го привела 22-годишниот Ф.С. од Скопје, кој кратко пред да биде приведен ја нападнал М.Л. од која украл златен ланец.

-На 25.09.2020 околу 14 часот приведен е Ф.С. (22) од Скопје, кој кратко време пред приведувањето, на крстосницата помеѓу ул. „Хо Ши Мин“ и ул. „Лазо Дренков“ ја нападнал М.Л. и од неа украл златен ланец. По приведувањето, Ф.С. го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (МИА)

Коронавирус