среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 22
home Хроника

Приведен крадец кој крадел во цркви во охридско

Приведен крадец кој крадел во цркви во охридско

Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца, на 27.11.2020 година, во селото Ботун, приведен е Т.Б.(50) од Штип.

Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава. Т.Б. е осомничен за извршена тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти, охридско и во црквата „Св.Никола“ во с.Белчишта, општина Дебарца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица претходниот ден.

Коронавирус