сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен и третиот осомничен за нападот врз момчето прободено на Рекорд

Приведен и третиот осомничен за нападот врз момчето прободено на Рекорд

Уапсен е и третиот осомничен за нападот на малолетното момче на Рекорд. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје попладнево го приведоа Б.Н. (15) од Скопје во врска со нападот на 17-годишниот З.Т. на автобуската постојка „Рекорд“ на ул. „Димитрие Чуповски“ на 1 март годинава.

Тој, заедно со Р.А. (18) од Скопје и К.Т. (18) од с.Љубин, скопско, физички го нападнале З.Т. и му нанеле убодна рана со тврд предмет во пределот на стомакот. Б.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Коронавирус