понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 130
home Хроника

Приведен дилер во струмичко Ново Село, запленета дрогата која ја криел кај баба му

Приведен дилер во струмичко Ново Село, запленета дрогата која ја криел кај баба му

Денеска 20.11.2020 полициски службеници од СВР Струмица –Единица за недозволена трговија со дрога,  по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село.

На двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми .

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Коронавирус