Хроника МВР

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

На 15.04.2024 во 19.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(40) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „шкода“ биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top