петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер од тетовско за издржување на затворска казна

Приведен дилер од тетовско за издржување на затворска казна

Денеска (19.04.2021) околу 12.20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот А.А. од тетовско Шемшово, осуден на три и полгодишна затворска казна за сторено кривично дело „невовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, А.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Коронавирус