петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Хроника

Приведен дилер од тетовско, пронајдена дрога

Приведен дилер од тетовско, пронајдена дрога

На 11.06.2021 во 20.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово во с.Лешок, во близина на бензиската пумпа, бил лишен од слобода М.Ч.(30) од с.Непроштено, кај кого при преглед биле пронајдени четири пакувања марихуана.

При преглед на неговото патничко возило „опел астра“, со тетовски регистарски ознаки, М.Ч. се обидел да избега.

Во знак на предупредување од страна на полициски службеници во воздух биле испукани два проектила од пиштол, а тој набрзо бил фатен и приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус