четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 34
home Хроника

Приведен дилер од Куманово, во домот му била пронајдена дрога

Приведен дилер од Куманово, во домот му била пронајдена дрога

На 22.09.2021 во 16.10 часот, полициски службеници од Одделот за Крим-полиција-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(36) од Куманово.

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени таблети, марихуана, семки од канабис, како и предмети кои ги набавил за подготовка на мини лабораторија за производство на марихуана – импровизирана направа наменета за производство и одгледување на растенија, вентилатори, рефлектори и друга опрема.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Локални избори 2021