петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 151
home Хроника

Приватна градинка во Скопје згрижувала деца, поднесени кривични пријави

Приватна градинка во Скопје згрижувала деца, поднесени кривични пријави

СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.

-На 16.07.2020 околу 10.30 часот, по претходна добиена пријава од граѓанин дека градинката работи и згрижува деца, полициски службеници од ЕВР Карпош излегле на местото, при што било утврдено дека детската градинка работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н.. Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд, информираат од МВР.

Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот.

Коронавирус