четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Хроника

Притвор за тетовецот во чиј „Хамер“ беа пронајдени 100 пакувања кокаин

Притвор за тетовецот во чиј „Хамер“ беа пронајдени 100 пакувања кокаин

Денеска попладне (13 април) А.Б.(31) од тетовски Порој, со кривична пријава поднесена од СВР Тетово, беше изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Тетово, кој му определи мерка притвор од 30 дена, а поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Вчеравечер(12 април) на паркинг во Порој, во неговото патничко моторно возило „хамер“ биле пронајдени 100 пакувања со различна големина кокаин и 9 пакувања со марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефони. Денеска А.Б. ќе биде спроведен во КПУ Затвор Скопје во Скопје за издржување на притворот, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Коронавирус