недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 79
home Хроника

Притвор за тетовецот кој полово нападна малолетничка: И се заканувал дека ќе ја убие заедно со татко ѝ

Притвор за тетовецот кој полово нападна малолетничка: И се заканувал дека ќе ја убие заедно со татко ѝ

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против М.Б.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“.

-М.Б. се сомничи дека на 25 овој месец околу 17,00 часот го извршил кривичното дело на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, поточно во премин помеѓу две станбени згради, каде со нож го исекол девојчето на левата рака и левата нога, го допирал по телото, заканувајќи му се дека ќе го убие заедно со татко и по што избегал, информираат од МВР.

Пријавениот М.Б. се сомничи и дека два дена претходно исто така го нападнал девојчето откако незабележан влегол во нивниот стан, во кое било само.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус