понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари за примање мито

Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари за примање мито

Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

– Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Осомничениот како вработен во општината Шуто Оризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, соопшти денеска Обвинителството.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судија на претходна постапка од Кривичниот суд доставил предлог за определување мерка притвор.

Предлогот на Обвинителството беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од триесет дена.

Коронавирус