четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Притвор за прилепчанецот кој ја с*лувал снаата тинејџерка

Притвор за прилепчанецот кој ја с*лувал снаата тинејџерка

Одделението за внатрешни работи Прилеп  до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Т.Б.(67) од Прилеп поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „силување“.

-Во периодот од 26.02. до 02.03.2020 во семејната куќа во прилепско село, пријавениот во три наврати извршил обљуба врз неговата 19-годишна снаа (невенчана сопруга на неговиот посинок). На 04.03.2020 таа го пријавила случајот во ОВР Прилеп, по што бил лишен од слобода и задржан во Одделението за внатрешни работи Прилеп, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус