понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 27
home Хроника

Притвор за пет лица поради трговија со дете- Jа носеле во хотел и ниделе сексуални односи во хотел во Скопје

Притвор за пет лица поради трговија со дете- Jа носеле во хотел и ниделе сексуални односи во хотел во Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на спроведувањето на постапката отворена во јануари оваа година против две лица, ја прошири истрагата за уште три лица.

По сеопфатната истражна постапка до Основниот кривичен суд Скопје, обвинителот достави Обвинителен акт против пет лица за сторено кривично дело – Трговија со дете и тоа: против првообвинетиот за сторено кривично дело – Трговија со дете од чл.418-г ст.2 во врска со ст.1, против второ и трето обвинетите за сторено по едно кривично дело – Трговија со дете од чл.418-г ст.1 и против четврто и петто обвинетите за соизвршителство во кривично дело – Трговија со дете од чл.418-г ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Со истрагата е утврдено дека во периодот од 22.09.2017 година до 27.02.2018 година, откако мајката на детето – жртва била задржана во притвор, првообвинетиот како нејзин татко, се обврзал да се грижи за својата тогаш петнаесетгодишна ќерка. Злоупотребувајќи ја својата положба како родител – старател, во два наврати од користољубие, на детето – жртва му договорил присилен брак. Детето не сакајќи да ги прифати кандидатите за сопруг ги напуштило и не се вратило кај татка си, туку заминало во домот на третообвинетиот со кого била во љубовна врска и каде претходно престојувале со мајка си.

Третообвинетиот, знаејќи дека девојчето се уште е вљубено во него, го прифатил и ја искористил нејзината положба, па од користољубие во два хотели во Скопје, на непознати мажи им овозможувал сексуални услуги од детето. Парите од услугите во износ од по 3.000,00 денари мажите ги исплаќале на детето, а третообвинетиот ги земал за себе.

Од декември 2017 година девојчето било екплоатирано преку проституција од страна на второ, трето и четврто обвинетите кои договарале сексуални услуги од детето–жртва за одреден паричен надоместок во Тетово и Скопје.

На 27.02.2018 година детето било пронајдено од полициски службеници, без родител како законски застапник, пријавено во ЈУ МЦСР Скопје и згрижено во „Мал групен дом“ во Скопје.

Кон крајот на 2018 година детето самоволно го напуштило домот каде што било згрижено. Во периодот од 24.12.2018 година до 13.01.2019 година трето и четврто обвинетите го прифатиле, засолниле и заедно со петообвинетата во поединечни случаи, го подведувале на вршење полови дејствија со други лица за одреден паричен надоместок. Исплатените пари за услугите што ги пружала оштетената ги земале осомничените, а за возврат и обезбедувале престојувалиште.

Имајќи ја предвид специфичноста на кривичното дело што им се става на товар, општествената опасност од сторување на истото, можноста за брзата заработка која ја овозможува трговијата на деца и постоење на реална опасност обвинетите да го повторат кривичното дело за кое се теретат, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за петмината обвинети.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение ја продолжи побарана мерка за сите обвинети.