четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Основното јавно обвинителство- Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане, Липково, поради основано сомнение дека извршил кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, на 29 септември годинава со употреба на опасно орудие нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител доставил предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донел решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.