вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за 41 годишен маж: Полово напаѓал деца од 7 и 5 години, па ги сликал со мобилен

Притвор за 41 годишен маж: Полово напаѓал деца од 7 и 5 години, па ги сликал со мобилен

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството соопштуваат дека осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

-Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот, страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, се вели во соопштението од Обвинителството.

Основниот суд Кавадарци со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Локални избори 2021