вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 29
home Хроника

Притвор од 30 дена за осомничениот за грозоморното убиство во прилепско

Притвор од 30 дена за осомничениот за грозоморното убиство во прилепско

Мерка притвор во траење од 30 дена на Е.Т. (24) од Битола, кој се сомничи за убиството во Беловодица му одреди Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп.

Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи вчера поднесе кривична пријава против Е.Т. вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информира МВР, убиството било извршено завчера попладне во атарот на село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде осомничениот Е.Т. со службениот пиштол го застрелал А. Б., по што го полеал со бензин и го запалил.

Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Коронавирус