вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Хроника

Приложил лажна диплома за завршено средно образование и добил работа како возач на Брза Помош- полицијата кривично го гони

Приложил лажна диплома за завршено средно образование и добил работа како возач на Брза Помош- полицијата кривично го гони

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место референт на возен парк во болницата, информираат од МВР.