среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 192
home Хроника

Прилепчанка тешко повредена, ја удрил автомобил во Скопје

Прилепчанка тешко повредена, ја удрил автомобил во Скопје

На 20.10.2020 во 11.35 часот било пријавено дека во Скопје, на раскрсницата од ул.„„Крушевска Република“ и бул.„Кузман Јосифоски Питу“, патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Скопје, удрило во пешакот Е.Б.(59) од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус