петок, 30. јули 2021. Вести денес: 159
home Хроника

Прилепчанка тешко повредена, била удрена од непознато возило

Прилепчанка тешко повредена, била удрена од непознато возило

На 16.06.2021 во 14.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Градската болница Прилеп била донесена Б.С.(79) од Прилеп со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода.

-Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека околу 12.30 часот на 14.06.2021 на ул,,Трајко Сандански“ во Прилеп била удрена од непознато возило, но не го пријавила случајот и не отишла на лекарски преглед, информира МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус