недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанка се обидела да размени лажна банкнота од 500 евра во манувачница

Прилепчанка се обидела да размени лажна банкнота од 500 евра во манувачница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Б.(38) од село Секирци, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

„На 05.08.2019 во угостителски објект на улица „Андон Слабејко“ во Прилеп, пријавената, од А.К. од Кавадарци примила лажна банкнота од 500 евра, по што, и покрај тоа што знаела дека е фалсификувана, побарала од В.С.(42) од Скопје да ја размени во менувачница“ се вели во соопштение од полицијата.