недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Вчера во 6:45 часот на крстосницата од патот А3 Ѓавато-Тополчани и патот Р-106 Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од И.М.(37) од село Шурленци, ресенско и товарно возило „Фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(60) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат“, З.Р.(53) од Прилеп.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарка помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус