петок, 18. септември 2020. Вести денес: 64
home Хроника

Прилепчанец со тешки повреди по сообраќајка, повредени уште четири лица

Прилепчанец со тешки повреди по сообраќајка, повредени уште четири лица

На 07.09.2018 година во 18:00 часот на локалниот пат Прилеп – село Прилепец, Г.С.(60) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.В.(52) од Прилеп, кој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е препратен на лекување во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Возачот и останатите три сопатници се здобиле со телесни повреди.  Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус