Вчера околу 13 часот во Прилеп на ул.„Гостиварска“ патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Е(61) од Прилеп, удрило во малолетник од Прилеп, кој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Општата болница Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп, информираат од МВР.