четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 141
home Хроника

Прилепчанец се давел во канал за наводнување кај „Фени“, неговиот колега 20 минути се борел со водата за да го спаси

Прилепчанец се давел во канал за наводнување кај „Фени“, неговиот колега 20 минути се борел со водата за да го спаси

Дваесет и тригодишниот Д.Р. од Прилеп вчера 20 минути се борел со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на селото Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.

Настанот денеска за МИА го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Додевски појасни дека двете лица се вработени во градежното претпријатие „Гранит“ Скопје.

-Вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот, информираше Додевски.

Двајцата биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, каде Л.М. бил донесен во тешка општа состојба и по укажаната медицинска помош бил задржан на лекување, додека по извршениот лекарски преглед, Д.Р. бил пуштен на домашно лекување.

Коронавирус