петок, 31. март 2023. Вести денес: 136
home Хроника

Пријавено исчезнато машко лице од Дебар

Пријавено исчезнато машко лице од Дебар

Во Полициската станица од општа надлежност во Дебар вчера е пријавен за исчезнат жител на градот.

Исчезнувањето го пријавиле негови роднини, кои со него немаат контакт од  вчера претпладне кога заминал на риболов на брегот на реката Дрим.

Полициски службеници од дебарската полициска станица го пребаруваат теренот.

Лицето е на околу педесет годишна возраст, бил спортски риболовец и неофицијално денот кога изчезнал до реката стигнал со велосипед, кој бил пронајден на брегот. (МИА)