сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 75
home Хроника

Пријава за бомба во Клиничка болница Битола, едно лице приведено

Пријава за бомба во Клиничка болница Битола, едно лице приведено

На 21.12.2019 во во СВР Битола бил приведен Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба.

Според пријавеното, тој во 14:17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус