сабота, 6. март 2021. Вести денес: 45
home Хроника

Пријава за 49 верници кои вчера влегоа во осветените води на Охридското езеро

Пријава за 49 верници кои вчера влегоа во осветените води на Охридското езеро

Пријава против 49 лица кои вчера го славеа празникот Водици во Охрид, ќе поднесе полицијата.

Министерството за внатрешни работи ја сомничи, групата верници кои го одбележаа Богојаваленското осветување на водите, дека го сториле кривичното дело „непостапување по здравствени прописи за време на пандемија“.

„На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава“, велат од МВР.

Коронавирус