На 24.05.2019 во 17:40 часот во Полициското одделение Камењане, И.Ј.(52) од с.Камењане пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот тој и неговата ќерка биле физички нападнати од М.Ј.(50), Ф.Ј.(45) и нивниот син А.Ј.(28), сите од с.Камењане.
Лицата биле приведени во Полициското одделение Камењане.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.