понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 56
home Хроника

При разминување со луѓе им ги кинел златните ланчиња- скопјанец осомничен за тешка кражба

При разминување со луѓе им ги кинел златните ланчиња- скопјанец осомничен за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 40-годишниот O.Н. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 90.000 денари.

Пријавениот ги извршил делата на 07.06.2019 и на 08.06.2019 година. Додека возел велосипед се доближувал до оштетените и при разминување им ги кинел златните ланчиња.

На 14.06.2019 година тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, каде било извршено препознавање од оштетените.

Коронавирус