недела, 15. септември 2019. Вести денес: 13
home Хроника

При претрес во затворот Идризово одземени 6 мобилни телефони- за да ја спречат акцијата затворениците предизвикале пожар

При претрес во затворот Идризово одземени 6 мобилни телефони- за да ја спречат акцијата затворениците предизвикале пожар

При претрес на неколку келии во затворот Идризово биле пронајдени шест мобилни телефони. За да ја спречат акцијата, затворениците предизвикале пожар и намерна материјална штета при што дошло до поголемо истекување на вода.

Како што соопштија од Управата за извршување на санкции (УИС), на 29 октомври 2018 година околу 22 часот, по наредба на Директорот на КПУ Идризово бил извршен претрес од затворските службеници откако било утврдено дека осудените нелегално поседувале мобилни телефони во затворот.

Од УИС напоменуваме дека, осудените лица немаат право да поседуваат мобилни телефони, а од страна на затворот се обезбедува телефон и контакт со блиските.