понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Хроника

При претрес во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин (ФОТО)

При претрес во Арачиново пронајдени 1,5 килограми хероин (ФОТО)

Вчера (09.02.2020) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во с.Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени 2 полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, 1 полиетиленска ќеса хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана, 8 куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка. Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и по член 396 од Кривичниот законик.

 

ЕУРО 2020

Македонија