недела, 11. април 2021. Вести денес: 101
home Хроника

При претрес кај две лица во Кавадарци пронајдена дрога

При претрес кај две лица во Кавадарци пронајдена дрога

На 03.03.2021 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при што кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана. Потоа, во периодот од 15.45 до 16.45 часот, врз основ ана судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Д.Б., при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, таблети, кеса со прашкаста материја, дигитална вага, поголема количина зипер кеси за пакување и денари во различни апоени.

Истиот ден, во периодот од 15.15 до 16.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот на В.П.(30) од Кавадарци, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја, повеќе таблети…
Поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, Д.Б. и В.П. биле лишени од слобода и приведени во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус