вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 170
home Хроника

Превезувал повеќе патници од дозволениот капацитет во време на пандемијата- полицијата веднаш му изрече кривична пријава

Превезувал повеќе патници од дозволениот капацитет во време на пандемијата- полицијата веднаш му изрече кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(62) од с.Белчишта-Дебарца и правно лице од с.Лешани-Дебарца, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 14.10.2020 на ул.„Туристичка“ при извршена контрола на автобус „ивеко“, сопственост на пријавеното правно лице, а управувано од С.Т., било констатирано дека возилото е наменето за превоз на 31 патник, а во моментот врши превоз на 27 патници со што е прекршена Одлуката на Владата на РСМ за време на пандемија да се врши меѓуградски превоз со исполнетост од максимум 75% од капацитетот на возилата.

Коронавирус