сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во скопско, приведено едно лице

Претрес во скопско, приведено едно лице

На 20.05.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.С.(41) од с.Ласкарци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една рачно изработена направа за испалување муниција и ловни патрони. ,

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Коронавирус