понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 174
home Хроника

ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП: Пронајдени пиштол, пушка и муниција

ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП: Пронајдени пиштол, пушка и муниција

Денеска (07.10.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Т.(43) од Прилеп.

При претрес, извршен со судска наредба, во домот на Р.Т. на ул.”Круме Спиркоски” во Прилеп, биле пронајдени и одземени: еден пиштол „Екол“ модел „Туна“ калибар 8 мм, еден ловен карабин М 98 кал.7,9 мм, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М 59 7,62 мм, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7, 62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Локални избори 2021