понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 62
home Хроника

Претрес во Охрид, приведени две лица – полицијата кај нив пронашла дрога!

Претрес во Охрид, приведени две лица – полицијата кај нив пронашла дрога!

На 25.11.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус