четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 74
home Хроника

Претрес во Грчец, приведен крадец

Претрес во Грчец, приведен крадец

На 26.11.2020 во времето од 16,00 до 17,15 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории кај А.А.(40) од с.Грчец, скопско, информира МВР.

А.А. е осомничен за тешка кражба во куќа на ул. Лука Геров во Скопје на почетокот на овој месец, од каде украл златен накит, пари и други предмети.

Тој е приведен поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Коронавирус