сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 99
home Хроника

Претрес во Драчево, уапсен дилер на кокаин

Претрес во Драчево, уапсен дилер на кокаин

На 28 09.2020 околу 13.00, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршија претрес во домот на М.В.(29) од Драчево, Скопје.

При претресот, биле пронајдени и одземени кокаин, 30 куршуми калибар 9мм., семки од растението Канабис Сатива, марихуана и вага.

Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус