недела, 25. јули 2021. Вести денес: 91
home Хроника

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги мерките – еве ги деталите

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги мерките – еве ги деталите

Службеници од Полициската станица за БПС – Кичево утрово на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Другово извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, при што било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75 проценти исполнетост на капацитетот на возилата, односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информира МВР, двата автобуси биле управувани од Б.М.(63) од село Балиндол, гостиварско и И.И. (51) од село Форино, гостиварско.

За случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус