недела, 28. мај 2023. Вести денес: 10
home Хроника

Претепан стружанец, неговиот син и брат поради сообраќајка во Клинички

Претепан стружанец, неговиот син и брат поради сообраќајка во Клинички

Педесет и шест годишниот У.Б. од струшко Делогожда вчера пријавил дека околу 17 часо бил физички нападнат во Скопје.

Имено, на булеварот „Крсте Мисирков“ додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале У.Б. и истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот.  Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство, информираат од полицијата.

Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош. Причина за настанот, според пријавата, е претходна расправија.

Имено, околу 14 часот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” Скопје, У.Б. имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите.

Се работи на целосно расчистување на случајот.