среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 25
home Хроника

Претепан доктор во кичевската болница- еве ги деталите

Претепан доктор во кичевската болница- еве ги деталите

Две лица нападнале доктор на Интерното одделение во кичевската болница. Напаѓачите се повикани во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Вчера околу 13 часот, на Интерното одделение во Општата болница во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.Љ.(24) и А.Љ.(21), врз А.С.(35), вработен доктор во болницата. Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.