сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 36
home Хроника

Претепан 77 годишен старец, напаѓачите му одзеле 700 денари и облека

Претепан 77 годишен старец, напаѓачите му одзеле 700 денари и облека

Седумдесет и седумгодишен прилепчанец вчера физички бил нападнат од три лица во својот дом. Напаѓачите му одзеле 700 денари и облека.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14 часот било пријавено дека во Прилеп, на улицата „Белградска“ во домот на И.Т. (77), дошле три лица и физички го нападнале, а потоа му одзеле 700 денари и облека.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус