сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Претекнување и неприлагодена брзина ги чинеше живот: Како загинаа двете лица на патот кон Битола?

Претекнување и неприлагодена брзина ги чинеше живот: Како загинаа двете лица на патот кон Битола?

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде завчера се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. По дадени наредби од страна на надлежниот јавен обвинител обезбедени се и прибрани траги од лице место.

Дадена е и наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на починатите лица.

-Според првичните сознанија до несреќата дошло откако патничко моторно возило марка Ауди А6 во кое како возач и совозач се наоѓале сега починатите, се обидело да претекне друго патничко моторно возило Голф со регистарски ознаки од Ресен. Движејќи се кон Битола, при обидот за претекнување, а поради неприлагодена брзина на движење на возилото, патничкото возило Ауди удрило во товарно моторно возило – цистерна Мерцедес кое се движело во сообраќајната лента од спротивната насока, информираат од Јавното обвинителство.

Од силината на ударот, на лице место животот го загубиле возачот и совозачот на моторното возило Ауди, родени 1984 година и 1991 година, двајцата жители на с. Канатларци, прилепско.

Коронавирус