четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Преку Инстаграм дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничка од Кочани

Преку Инстаграм дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничка од Кочани

Во понеделникот во ОВР Кочани, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил преку социјалната мрежа Инстаграм биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.

Полициски службеници од ОВР Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презедоа мерки за расчистување на кривично – правниот настан, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле две малолетни лица на кое им биле одземени мобилните телефони и компјутери.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани.

ЕУРО 2020

Македонија