сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Хроника

ПРЕКИНАТО ГЛАСАЊЕТО ВО МАТЕЈЧЕ: Откажал апаратот за читање отпечатоци

ПРЕКИНАТО ГЛАСАЊЕТО ВО МАТЕЈЧЕ: Откажал апаратот за читање отпечатоци
МИА

Гласањето во Куманово и кумановско се одвиваше без значителни проблеми, со исклучок на гласачко место во село Матејче, каде според претседателката на ОИК, Ајше Демири, имало технички проблеми.

-Имавме утрово прекин од дваесет минути на гласачко место во село Матејче, поради технички проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст и таму гласањето ќе продолжи до 19:20 часот, а во останатите места сè е тековно и гласањето се одвива непречено, информираше претседателката на ОИК – Ајше Демири.

Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезеноста во оваа општина до 17 часот е 28,28 отсто.

Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места.

– Во избирачко место во село Рамно, високо планинско место имаше прекин кој траеше помалку од еден час заради проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст и таму гласањето ќе си се заврши до 19 часот, нема да се продолжи, бидејќи има мал број на гласачи. Тековно си оди гласањето – изјави заменик-претседателката на ОИК Старо Нагоричане, Славка Стефановска-Цветковска. Според ДИК, излезеноста во оваа рурална општина до 17 часот е 48,25 отсто.

Коронавирус