вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Прегазил жена во Бутел, па избегал со автомобилот

Прегазил жена во Бутел, па избегал со автомобилот

Жена е тешко повредена откако била удрена од автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера во 18 часот на крстосница од бул.„Христијан Тодоровски Карпош” и ул.„Ферид Бајрам” во Скопје.

-Автомобил „БМВ“, удрило во пешакот З.Ш.У.(55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.  На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Коронавирус