недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Хроника

Прегазил две девојки и избегал со БМВ-то, подоцна сам се пријавил

Прегазил две девојки и избегал со БМВ-то, подоцна сам се пријавил

Скопјанецот А.П.(48) вчера попладне со автомобил БМВ удрил во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје.

Несреќата, по која возачот го напуштил местото, се случила на бул.„Кочо Рацин“. Од полицијата информираат дека возачот подоцна сам се пријавил во полициска станица.

-Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.