сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 21
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Хроника

Прегазено момче во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Прегазено момче во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Повредено 21 годишно момче на скопските улици. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 21,35 часот на булевар “Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи патничко моторно возило “Опел” со скопски регистарски ознаки удрило во пешакот С.Р.(21) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

Со возило на Итна медицинска помош, С.Р. е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешеки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус